Ако златото е добро за централните банки, тогаш е добро и за вас

25

Цената на златото на светските берзи се искачи на ново историски највисоко ниво од 2.365,39 долари за унца, што значи дека неговата цена од почетокот на годината порасна за 14 отсто.

Златото традиционално се смета за безбедно засолниште за капиталот во тешки времиња и како заштита од инфлација, пишува Гардијан.

Аналитичарите велат дека цените на златото пораснале поради геополитичките тензии и војните во Украина и на Блискиот Исток, кои поттикнале некои трговци да вложат пари во златни шипки.

Некои централни банки исто така ги зголемуваат своите златни резерви, а кинеската централна банка купи злато 17-ти месец по ред во март за да ги зголеми своите резерви.

„Ако златото е добро за централните банки, тогаш е добро и за вас“, рече колумнистката на Блумберг, Мерин Сомерсет Веб, која ги повика помалите инвеститори да инвестираат и во злато.

Пазарниот аналитичар на Сити Индекс и порталот Forex.com, Фазад Разаквада, изјави дека во исто време цената на среброто расте поради попозитивните податоци кои доаѓаат од кинескиот индустриски сектор.