Акциите на Газпром на најниско ниво од почетокот на војната

27

Акциите на руската компанија Газпром на Московската берза паднаа за прв пат од 24 февруари 2022 година за повеќе од 3,9 отсто и изнесуваат 135,29 рубли по акција, што е најниско од почетокот на војната во Украина.

Падот е предизвикан од препораката на руската влада да не се плаќа дивиденда за 2023 година.

Од 2019 година, политиката на Гаспром предвидува на акционерите да им плаќа 50 отсто од прилагодената нето добивка според МСФИ. Доколку соодносот на нето долгот кон ЕБИТДА го надмине нивото од 2,5, компанијата може да предложи намалување на плаќањата.