Акциите на компанија паднаа откако извршниот директор објави дека заминува на татковско отсуство

101

Акциите на британската финтек компанија Wise паднаа во понеделникот, откако компанијата објави дека нејзиниот финансиски директор Мет Брирс ја напушта компанијата следната година. Во исто време, беше објавено дека нејзиниот извршен директор Кристо Карман ќе замине на родителско отсуство од септември.

Акциите на компанијата денеска на лондонската берза паднаа за 4 отсто.

Брирс ќе се повлече од функцијата финансиски директор на Wise во март 2024 година. Тогаш Карман се враќа од одмор, соопшти компанијата во понеделникот.

Брирс е вториот финансиски директор на голема британска компанија за финансиско работење што го објави своето заминување овој месец – неодамна британската компанија за дигитално банкарство Revolut објави дека финансискиот директор Мико Саловара заминува по само два месеци работа поради „лични причини“, пишува Бонитет.

Што е Wise?
Компанијата е основана во 2011 година од двајца Летонци, Тавет Хинрикус и Кристо Карман. Тавет бил првиот вработен во компанијата Скајп, живеел во Лондон, но платата ја земал во евра. Кристо работел за Делоит, исто така живеел во Лондон, а бил платен во фунти.

И двајцата парите ги префрлале од банки кои имале скапи провизии и лоши курсеви. Тие знаеја дека мора да има подобар начин. Така тие ги собраа главите и измислија прекрасно едноставно решение, се вели на веб-страницата на компанијата.

Wise го користат 16 милиони луѓе и бизниси на глобално ниво, обработувајќи 9 милијарди фунти во прекугранични трансакции секој месец, заштедувајќи им на клиентите околу 1,5 милијарди фунти годишно.

Фото: YouTube printscreen