Акциите на германската модна компанија Хуго Бос денеска паднаа за 10 отсто, откако компанијата ја намали прогнозата за продажба во 2024 година на 4,35 милијарди евра, пред сè поради падот на побарувачката во Кина.
Hugo Boss претходно очекуваше приходи од продажба за цела година од 4,45 милијарди евра, пренесува CNBC.
Компанијата ја припиша ревидираната перспектива на „постојаните макроекономски и геополитички предизвици“ и ги наведе Кина и Обединетото Кралство како особено предизвикувачки пазари.