Акциите на Rivian паднаа за 15 отсто

12

Акциите на Rivian паднаа во доцното тргување во средата, откако производителот на електрични возила објави мешани резултати за четвртиот квартал 2023 година и прогноза за производство и профит што не ги исполни очекувањата на Волстрит.

Ривиан најави дека предвидува производството на возила во тековната година да достигне 57.000 единици, наместо очекуваните 80.000, пренесува Seebiz. Целогодишната добивка забележа приспособена загуба на EBITDA од 2,70 милијарди долари наспроти проценетите 2,59 милијарди долари.

Компанијата најави дека ќе иницира план за намалување на бројот на вработени за 10 отсто, а како причина ја наведе економската неизвесност. Акциите на Rivian паднаа за повеќе од 15 отсто во тргувањето после работното време.