Акциите на Volvo пораснаа за 26 отсто

26

Акциите на Volvo скокнаа за 26 отсто  откако компанијата објави подобри од очекуваните продажни резултати.
Покрај тоа, Volvo објави дека ќе ги пренесе своите права на луксузниот бренд Polestar на мнозинскиот сопственик на групацијата, кинеската Geely Holding.

Аналитичарите тој потег го толкуваат како позитивен бидејќи Volvo ќе може да се фокусира на сопствените брендови, а најновите резултати покажуваат дека тоа е вистинската стратегија.

Особено добар беше четвртиот квартал од минатата година, кога Volvo оствари оперативна добивка од 643,83 милиони долари, што е речиси двојно повеќе од истиот период лани, пренесува SEEbiz.