Актуарска конференција во организација на Агенцијата за супервизија на осигурувањето

43

Во организација на Агенцијата за супервизија на осигурувањето денеска во Охрид ќе се одржи прва Актуарска конференција на која ќе учествуваат предавачи, професори и претставници на Регулаторот за осигурување на ЕУ и од Меѓународната асоцијација на осигурителни супервизори.

Целта на конференцијата е да ги собере актуарите и супервизорите од регулаторните тела во регионот со цел да обезбеди размена на искуства и натамошно промовирање на професијата актуар.

Актуарите имаат важна улога во спроведувањето на супервизијата во однос на прашањето за финансиската стабилност и солвентност на друштвата за осигурување.