Германското регулаторно тело проверува дали планот на Facebook да ја преземе иновативната компанија Kustomer ќе има влијание врз пазарната конкуренција.
Инаку, Kustomer е компанија основана во 2015 година во Германија, а нуди платформи за поддршка на купувачите и четботови што одговараат на прашања на корисници.
Facebook најави дека го презема Kustomer во ноември минатата година, не наведувајќи детали за цената и останатите финансиски услови на трансакцијата.
Според тогашната информација на Wall Street Journal, вредноста на Kustomer е проценета на нешто повеќе од милијарда долари.
Германија во 2017-та година донесе закон за пазарна конкуренција со којшто го одреди регулаторот којшто може да ја провери аквизицијата доколку купувачот е подготвен да плати повеќе од 400 милиони евра за една компанија којашто воопшто нема приходи или се премногу мали.
Фото: Pexels