Ал Џазира остана без лиценца во Ирак

26

The newsroom at the headquarters of al-Jazeera, in  Qatar.Поради наводно поттикнување на судири и секташтво, на Ал Џазира и е одземена лиценцата во Ирак. Десет ирачки сателитски ТВ станици ги изгубија лиценците поради промовирање на верско насилство, соопшти ирачката Комисија за комуникации и медиуми, додавајќи дека овие ТВ канали известувале на провокативен, погрешен и претеран начин со цел да се попречи цивилниот и демократскиот процес.

“Фактот дека истовремено се укинува толкав број на канали значи дека одлуката е неселективна. Апелираме до властите да ја почитуваат слободата и правото на медиумите да известуваат за важните настани во Ирак”, изјави портпаролот на Ал Џазира за АФП.