Аларм од ЕЦБ: Граѓаните на еврозоната очекуваат инфлација од 4%

Граѓаните на еврозоната очекуваат просечната инфлација во следните 12 месеци да изнесува четири проценти, што е значително повисока од проекцијата за инфлација во февруари од 2,5 проценти и највисока бројка од октомври 2023 година, според мартовското истражување на Европската централна банка (ЕЦБ) објавено денес.

Во исто време, испитаниците очекуваат нивните номинални приходи да пораснат само за 1,2 проценти во истиот период, исто како и во претходните два месеци, што е очигледно недоволно за да се покрие предвиденото темпо на раст на инфлацијата.

Очекувањата за инфлацијата за следните три години, исто така, се зголемија од февруарските 2,5 проценти на три проценти, како и просечните очекувања за инфлација за петгодишниот период, од 2,3 проценти на 2,4 проценти.