Албафон – нов мобилен оператор во Македонија

42

timthumbВо наредните денови во Македонија треба да стартува новиот виртуелен оператор Албафоне чија примарна таргет група ќе бидат граѓаните Албанци во Република Македонија.

Според Ардиан Хоџа, извршен директор и Претседател на бордот на директори на Албафоне, анализата на компанијата на пазарот покажала дека албанската популација, на која како корисник отпаѓа поголемиот дел од постоечките услуги на актуелните оператори, ни оддалеку не го има ниту третманот, ниту, пак, го добива потребното ниво на услуги.

“Решивме да се натпреваруваме на телекомуникациски пазар во Македонија со силна верба и убеденост дека имаме што да понудиме, дека знаеме како и на кој начин тие наши планови да ги реализираме, а се разбира првенствено имајќи ги секогаш како приоритет желбите и потребите на сите наши потенцијални корисници”, истакна Хоџа.

Албафоне е млада компанија, која како правен субјект во Република Македонија официјално е присутна од 2010 година. Основана е со ресурси и мешовит американско-албански капитал со примарна дејност во телекомуникацискиот бизнис, а седиштето на компанијата е во трговскиот центар Сити галери.