Албанија, Црна Гора, Македонија и Молдавија официјално се дел од платниот систем SEPA

Албанија, Црна Гора, Северна Македонија и Молдавија официјално се приклучија на европскиот систем за плаќање SEPA, единствена област за плаќања во евра, објави Европската комисија.

Вкупно 40 банки од овие четири земји-кандидатки за членство во Европската Унија се примени во овој систем, што, според „Еуроњуз“, ќе им даде на овие земји и на Европската Унија пристап до побрзи и поевтини финансиски трансакции, што може да донесе заштеди до 500 милиони евра за граѓаните и економијата.

Европскиот совет за плаќања ја донесе одлуката откако овие земји беа вклучени во географскиот опсег на SEPA од ноември 2024 година до март оваа година, според соопштението на Комисијата.