Албанија ги укинува царините за стоки од Србија, Македонија и Косово

149

Албанската влада денеска одлучи да ги укине царините за стоки со потекло од Србија,  Косово и Северна Македонија, кој минува преку албанските гранични премини, пишува Јуроњуз Албанија.

Како што се наведува во извештајот, оваа одлука е донесена врз основа на решеноста на земјата да учествува во иницијативата Отворен Балкан и одлучната помош што земјите-членки мора да си ја пружат меѓусебно во кризата на високите цени.

Се додава дека Албанија во оваа одлука го вклучила Косово, иако не е дел од Отворениот Балкан, врз основа на договорот за меѓусебно отстранување на царинските бариери.