Албанскиот премиер Еди Рама се сретна со претседателот на Обединетите арапски емирати (ОАР), шеикот Мухамед Бин Зајед во Баку, Азербејџан, каде се одржува 29-та Конференцијата на страните на Конвенцијата на Обединетите нации за климатски промени(COP29).
Како што објави Рама на Фејсбук, разговарале за значајни проекти кои се пред реализација со цел “зајакнување и модернизација на јавниот сектор во Албанија”.
Меѓу нив е формирањето заедничка компанија за производство на електрична енергија, како и интерконекциската линија со Италија во трипартитно партнерство.
– Исклучително редок пријател и голем добротвор на Албанија, со кого разговаравме за добриот напредок на неколку значајни проекти кои влегуваат во фаза на реализација, од создавањето заеднички јавни претпријатија за производство на енергија (КЕШ-Маздар), интерконекциската линија со Италија во трипартитно партнерство, до новиот систем за дигитална контрола на сообраќајот, многу важни случувања за зајакнување и модернизација на јавниот сектор во Албанија, пишува Рама.