Албанија и ОАР ќе формираат заедничка компанија за производство на електрична енергија

71

Албанскиот премиер Еди Рама  се сретна со претседателот на Обединетите арапски емирати (ОАР), шеикот Мухамед Бин Зајед во Баку, Азербејџан, каде се одржува 29-та Конференцијата на страните на Конвенцијата на Обединетите нации за климатски промени(COP29).

Како што објави Рама на Фејсбук, разговарале за значајни проекти кои се пред реализација со цел “зајакнување и модернизација на јавниот сектор во Албанија”.

Меѓу нив е  формирањето заедничка компанија за производство на електрична енергија, како и  интерконекциската линија со Италија во трипартитно партнерство.

– Исклучително редок пријател и голем добротвор на Албанија, со кого разговаравме за добриот напредок на неколку значајни проекти кои влегуваат во фаза на реализација, од создавањето заеднички јавни претпријатија за производство на енергија (КЕШ-Маздар), интерконекциската линија со Италија во трипартитно партнерство, до новиот систем за дигитална контрола на сообраќајот, многу важни случувања за зајакнување и модернизација на јавниот сектор во Албанија,  пишува Рама.