Албанија издала 332 концесии за хидроелектрани

29

Албанската влада досега издала дури 332 концесии за изградба на хидроелектрични централи.  Производните капацитети изнесуваат 1.450 мегавати, додека вредноста на нивните инвестиции достигнува над две милијарди евра.

Последните седум концесии владата ги издаде деновиве. Станува збор концерија на хидроцентралите Ќар и Калтањ во горнот дел на реката Осум, ХЕЦ Бабјен, Ложан 2 и Касолет кај Селце во средината на течението на реката Девол, ХЕЦ Гури и куќ кај браната на реката Осум, ХЕЦ Дриза на реката Бистрица, ХЕЦ Потам на браната на реката Павлес и ХЕЦ Денас на реката Черемице.

Вкупниот износ на инвестиции достигнува вредност од околу шест милијарди лека, а ќе бидат вработени околу 1.500 лица од различни професии. Овие активности на владата, како што оценува премиерот Сали Бериша се во правец на ветеното: Албанија да се претвори во мала енергетска суперсила.