
Норвешката компанија Статкрафт постави пловечка фотоволтаична централа од два мегавати во четири еднакви делови на резервоарот на својата хидроцентрала Бања во Албанија. Изведувач беше компанијата „Оушн Сан“. Освен неколку пилот проекти во Турција, таа е единствената таква електрана во Југоисточна Европа.
Четири години откако Статкрафт поднесе барање до ресорното министерство, компанијата што ја ангажираше ја заврши инсталацијата на пловечка соларна централа на вештачко езеро кај Грам во централниот дел на Албанија. „Оушн Сан“, кој исто така е од Норвешка, објави дека втората и последна фаза ја извел во декември.
Статкрафт има најголемо портфолио во хидроенергетскиот сектор во Европа. Исто така, управува со ветерници, соларни фарми, гасни електрани и топлани. Новата пловечка фотоволтаична централа се наоѓа на акумулацијата на компанијата за хидроелектраната Бања на реката Девол. И двете компании сметаат на можноста да добијат предност на пазарот благодарение на нивните решенија за оваа популарна технологија.
Фото: YouTube – printscreen