
Албанската Влада ќе издаде нова еврообврзница, со која ќе се задолжи со 600 милиони евра.
Министерката за финансии и економија Делина Ибрахимај, денеска, во изјава за медиумите, по владината седница, изјави дека постапката сè уште не е затворена.
-Се очекува таа да се затвори во текот на оваа недела, а потоа ќе ги детализираме и елементите на емисијата на еврообврзницата на пазарите на капитал. Имаше поголема вредност од она што беше предвидено во законот. Но, законот предвидува и зголемување на вредноста. Оценивме дека состојбата на ликвидноста на пазарите на капитал, во согласност со потребата од ликвидност што ја има земјата, но и општите услови на меѓународните стапки и ликвидноста овозможија да се добие оваа поголема вредност, рече Ибрахимај.
Владата ја избрала компанијата „Дечерт ЛЛП“ (Dechert LLP) за правен консултант за издавање на еврообврзницата што се очекува во 2023 година.