Албанија воведува 10-годишен мораториум на сечата на дрва

53

 

secenje drva

Властите во Албанија воведоа 10-годишен мораториум на сечењето на дрва за индустриски или извозни цели, пишува New York Times.

Според тоа, локалните власти ќе дозволуваат само ограничени количини на дрво за греење.

Вкупно 1,4 милиони хектари шумски површини биле немилосрдно уништувани повеќе од 26 години, односно од падот на комунистичкиот режим, каде што се вршела сеча на околу 2,5 милиони дрвја годишно.

Министерот Лефтер Кока вели дека овие “екстремни“ мерки произлегуваат откако земјата се соочи со последици од поплавите поради уништените шуми во последните години.