Aлбанската влада им должи 600 милиони долари на компаниите

32

dolarАлбанскиот министер за економски развој, Арбен Ахметај изјави дека државата кон домашните бизнис компании има долг од 600 милиони долари.

Се работи за неподмирени извршени нарачани работи од страна на владата или пак владини обврски за услуги кон фирмите, пренесува Макфакс.
Премиерот на Албанија Еди Рама оцени дека најголем проблем на владата во Тирана се големите долгови.
Тој додаде дека земјата е во тешка криза по 1997 година, кога настана хаос во државните институции. Владата најави земање на кредити и заеми од странство за да ги надмине проблемите.