Албанските компании бараат ЕБЦ да менаџира со Народната банка

31

Bank_of_Albania

По големиот грабеж од над седум милиони евра во Албанската народна банка (Bank of Albania), претставниците на најголемите албански компании побараа централната банка да се менаџира директно од страна на Европската централна банка (ЕЦБ), јавува Макфакс.

Генералниот администратор на Албанската Конфиндустрија која ги обединува најголемите албански компании, Ѓерѓ Буџуку, изјави дека по големиот скандал, неоходно е Албанија да донесе закон со кој ќе побара ЕЦБ да раководи со Албанската народна банка, поставувајќи на чело на албанската банка стручна личност, а во надзорниот одбор на банката да има и меѓународни експерти.