Алфа Ромео подготвува девет нови модели до 2016

66

Алфа Ромео засега произведува само два модела, Giulietta и MiTo. Но, според пишувањето на autoedizione.com, до крајот на 2016 година овој произведувач на автомобили ќе лансира девет нови модели на пазарот. Наводно, веста е објавена на состанокот на бордот на Фиат, кој се одржа во Лондон минатата недела.

Моделите кои треба да излезат до 2016 година варираат од мали возила Б-сегмент, до луксузни Е-сегмент, како и новиот Spider кој во моментот се развива во соработка со Мазда.

Најважни пазари ќе бидат Европа и Северна Америка, додека Азија ќе биде “пазар што ветува”. Планот за 2016 година е да се продаваат по 300.000 нови возила годишно.