Алфабет ќе плати 3,2 милијарди долари доколку не успее купувањето на Wiz

Алфабет се согласи да плати 10 отсто компензација доколку не успее нејзиното планирано купување на израелскиот стартап Виз, рекоа извори блиски до процесот, сугерирајќи дека договорот се соочува со сериозен предизвик за контрола на конкуренцијата од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Купувањето било договорено за 32 милијарди долари, така што надоместокот за неуспешната аквизиција би бил 3,2 милијарди долари.

Alphabet ја објави најголемата аквизиција во својата историја оваа недела, откако обидот за преземање на Wiz не успеа минатата година, делумно поради тоа што инвеститорите во израелската компанија за сајбер безбедност не беа сигурни за добивање одобрение од регулативата.

Толку голема сума на компензација за неуспешниот договор ја одразува свесноста кај големите технолошки компании за можните проблеми кога станува збор за добивање дозвола од американската Федерална трговска комисија (FTC), која ја надгледува регуларноста на пазарната конкуренција. Претходниот шеф на ФТЦ, Лина Кан, имаше агресивен став кон спојувања и превземања во случајот на таканаречените Big Tech компании, а сега претседателот Доналд Трамп го назначи Ендрју Фергусон на чело на овој регулатор.