
Американската компанија „Алфабет“, матичната компанија на „Гугл“, вчера за прв пат достигна пазарна вредност од три трилиони долари, приклучувајќи се кон ексклузивниот клуб во кој веќе се наоѓаат „Епл“, „Мајкрософт“ и „Нвидија“, покажаа податоците од берзата.
Двете класи акции на „Алфабет“ – А и Ц – се тргуваа на рекордно високо ниво од 250 долари, што е за 3,8 проценти повеќе во однос на претходниот ден, објави „Ројтерс“.
Вредноста на акциите на „Алфабет“ скокна за околу 70 проценти од најниското ниво во април 2025 година, додавајќи повеќе од 1,2 трилиони долари на пазарната капитализација на компанијата за само неколку месеци.











