Alibaba доби “block“

47

Интернет прелистувачот на Аlibaba е отстранет од неколку продавници за апликации во Кина, a конфликтот на компанијата со кинеската влада продолжува. Продавниците за апликации за Android, вклучително и оние управувани од Huawei и Xiaomi, блокираа преземања или го отстранија прелистувачот UC на Alibaba, според сопствениците на телефони Huawei и Xiaomi кои разговарале со CNBC.

Ова следува откако прелистувачот UC беше критикуван во ТВ-емисија емитувана од државната телевизија за погрешно медицинско рекламирање преку Интернет.

Во емисијата беше објавено дека пребарувачот им дозволил на приватните болници да бараат лицитирање за имињата на најпознатите кинески болници при пребарување клучни зборови. И така, тие потенцијално ги привлекуваат пациентите на нивните веб-страници наместо во јавните болници што треба да ги посетат.

“Ние им придаваме големо значење на проблемите презентирани во емисијата и брзо спроведовме низа проверки и корекции“, изјави портпарол на Аlibaba.

Фото: Facebook