Alibaba ќе продава автомобили од вендинг машина

27

kola

Фото: Youtube

Наскоро во Кина ќе може да се купи автомобил од гигантска вендинг машина што потсетува на мачка, пишува New Atlas. Една од најголемите светски компании за онлајн трговија Alibaba Group на интересен начин планира да им излезе во пресрет на своите купувачи кои се заинтересирни за купување на автомобил.

Клиентите ќе го скенираат посакуваниот модел на автомобил, којшто потоа ќе го пронајдат во апликација, а со испраќање на лични податоци и селфи фотографија ќе можат да закажат тест возење.

Купувачот потоа доаѓа до вендинг машината и откако ќе биде извршено скенирање на лицето, машината го “спушта“ избраниот автомобил. Возилото може да се тестира три дена и да се вози било каде. Потоа, клиентот може веднаш да го купи автомобилот преку апликација или да закаже ново тест возење.