Alibaba најавува инвестиции од 50 милијарди евра во вештачка интелигенција

Кинеската технолошка компанија Алибаба денеска објави дека ќе инвестира најмалку 380 милијарди јуани или приближно 50 милијарди евра во развојот на инфраструктурата за облак и вештачка интелигенција во следните три години.

Најавените планови покажуваат дека компанијата е фокусирана на раст преку развој на вештачка интелигенција и има намера да биде водечки светски давател на облак услуги, се вели во извештајот.

Инвестицијата ја надминува вкупната потрошувачка на компанијата за облак компјутери и вештачка интелигенција во изминатите десет години, се додава во соопштението, пренесе Ројтерс.