Alibaba одлучи да не ги објавува податоците од Singles Day

81

Платформата за онлајн шопинг Alibaba одлучи да не го открива прометот  генериран на овогодинешниот шопинг фестивал Ден на самците.

Тоа го направи за прв пат откако започна со таа акција во 2009 година, наведувајќи само дека резултатите се усогласени со минатата година.

Годинава фестивалот заврши во петокот и траеше 11 дена.

Минатата година, Денот на самците забележа раст на продажбата од 8,5 проценти, што беше најниско процентуално зголемување до сега, по скокот од 26 проценти во 2020 година.

Тој фестивал беше еднодневен настан пред 2020 година, објави Ројтерс.

Оваа година кинеските потрошувачи продолжија да бараат релативно економични домашни брендови во споредба со поскапите производи, посочува британската агенција.

Singles Day е најголемиот светски фестивал за онлајн шопинг кој стана барометар на кинеската малопродажна побарувачка.

Денот на самците е неофицијална сезона на празници и шопинг во Кина што ја слават луѓе кои не се во врска.