Alibaba презеде израелски старт – ап за проширена реалност

17

Фото: Facebook

Кинеската компанија Alibaba го купи израелскиот старт – ап Infinity augumented reality, што се занимава со проширена реалност, пишува TechCrunch.

Двете компании веќе имаат стратешко партнерство од 2016 година, од кога соработуваат на проекти поврзани со проширена реалност и вештачка интелигенција.

Инаку, израелскиот старт – ап е основан во 2013 година, а се занимава со производство на очила за проширена реалност, што ги користат програмери во повеќе индустрии за да ја интегрираат оваа реалност во нивните апликации. Проширената реалност додава дигитални елементи кога се прикажува во живо, најчесто со помош на камера на паметен телефон, додека виртуелната реалност подразбира виртуелно искуство без допир со реалноста.

Тимот на израелскиот старт – ап ќе работи од лабораторијата Israel machine laboratory на Аlibaba, во која што кинескиот гигант вложува 15 милијарди долари, со желба да опслужи околу две милијарди корисници и да создаде 100 милиони работни места до 2036 година.