Alibaba стана главен спонзор на Олимписките игри

26

prsteni

Кинеската компанија за продажба преку интернет Alibaba ќе биде главен спонзор на Олимписките игри до 2028 година, откако го потпиша договорот со Меѓународниот олимписки одбор (МОО). Alibaba со овој договор се придружи на 12 други мултинационални компании коишто се најголеми спонзори на Олимписките игри, пишува Reuters.

Финансиските детали за договорот не се објавени но, според извори од МОО, за статусот главен спонзор секоја компанија мора да издвои околу 100 милиони долари во еден олимписки циклус.

Една од причините за влез на Alibaba во олимпиското семејство е тоа што наредните три олимписки игри ќе се одржат на азискиот континент (во 2018 година Зимски олимписки игри во Пјонгјанг, 2020 година Олимписки игри во Токио и во 2022 година Зимски олимписки игри Пекинг).