Aliexpress отвора логистички центар во Полска

23

Кинескиот онлајн трговец Aliexpress ќе го отвори во Полска првиот независен логистички центар во овој дел на Европа, соопшти компанијата. Центарот ќе се наоѓа во централна Полска.

Зафаќа површина од 10.000 квадратни метри, а се очекува да започне со работа пред 11 ноември, пренесува полската новинска агенција ПАП.

Новиот логистички центар ќе овозможи испорака на пратки низ Полска во рок од три дена, а во поголемите градови како што се Варшава, Лоѓ, Познан, Краков и Катовице, пратките најверојатно ќе бидат испорачани следниот ден по нарачката. Центарот ќе се грижи и за понудата на соседните пазари – чешки, австриски, словачки и германски, пишува ПАП.