Алијанц со пад на добивката и поради невремето во Словенија

22

Германската осигурителна групација Алијанц претрпе пад на оперативната добивка во третиот квартал поради силните бури во Словенија, Австрија и Италија; и е намален за 15 отсто на 3,5 милијарди евра.
Последиците од природните катастрофи ја чинеа групата вкупно 1,3 милијарди евра, што е речиси четири пати повеќе отколку во третиот квартал од минатата година.

Како што јави германската прес-агенција dpa, компанијата денеска соопшти дека сè уште се на пат да ги остварат поставените цели за оваа година. Оперативната добивка треба да достигне меѓу 13,2 и 15,2 милијарди евра.