Алкалоид го доби првото решение за за ставање во промет лек во Виетнам

Фармацевтскиот гигант АЛКАЛОИД АД Скопје сподели вест за првото добиено решение за ставање во промет лек во Виетнам. Ова е иницијален чекор кон проширување на нашето портфолио во Виетнам, земја која е дел од Здружението на нации од Југоисточна Азија (АСЕАН).
За Одделот за регулаторни работи во АЛКАЛОИД ова претставува значајно достигнување, во согласност со компаниската стратегија за проширување на нови пазари.
Во Виетнам е регистриран муколитички производ, капсули карбоцистеин за орална употреба, кој се користи за олеснување на симптомите на респираторни заболувања придружени со прекумерно создавање слуз.
Усогласувајќи се целосно со националните регулаторни барања, посветени сме да дадеме значаен придонес во здравствениот систем на овој динамичен и брзорастечки пазар, преку зголемена достапност на нашите лекови до пациентите. Градењето силни партнерства во Виетнам и натаму останува наш фокус, истакнуваат од Алкалоид.