
Италијанскиот производител на луксузни спортски автомобили Ферари денеска соопшти дека ја затворил 2024 година со „одлични резултати“ кои ги надминале целите бидејќи неговиот профит се зголемил за 21% на 1,5 милијарди евра, што е „гас до врв“ за автомобилската индустрија во овој момент.
Приходите се зголемија за 11,8% на 6,67 милијарди евра минатата година, испорачувајќи 13.752 автомобили, пренесува АНСА.
Оперативната добивка на компанијата (EBIT) во исто време се зголеми за 16,7% на 1,88 милијарди евра, се додава во извештајот.
Како што објави Блумберг, добрите резултати се постигнати пред сè благодарение на силната продажба во САД, која скокна за 8% на годишно ниво.