Алкалоид АД Скопје објавува дека седницата на годишното Собрание на акционери на Друштвото ќе се одржи на ден 02.04.2018 година со почеток во 08:00 часот во деловните простории на Друштвото, Бул. Александар Македонски бр. 12, Скопје, Република Македонија.
Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје на седницата одржана на ден 01.03.2018 година донесе Предлог-Одлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2017 година во износ од 270,00 денари бруто односно 243,00 денари нето по акција, што е за 8% поголема во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 250,00 денари бруто односно 225,00 денари нето.
Дивидендата ќе биде исплатена во готово на трансакциски сметки на акционерите.