Алкалоид планира да инвестира сума од 11 милиони евра во нови производни одделенија што ќе се простираат на површина од 7.000 м² и ќе создадат услови за реализирање на околу 200 нови вработувања.
Инвестициите ќе се изведуваат во согласност со строгите барања за Добра производствена практика (GMP), велат од компанијата.
Од планираните 11 милиони евра, 3,5 милиони ќе бидат наменети за целосно технолошко подготвување на одделението Пакување на цврсти форми, со површина од 2.000м². За потребите на одделението, нарачана е техничко-технолошка опрема во вредност од 5,2 милиони евра, вклучувајќи две автоматски линии за пакување.
Вкушно 2,3 милиони евра ќе бидат инвестирани за изградба на два нови ката наменети за производство на цврсти фармацевтски форми и придружен простор за техничко-технолошка опрема со вкупна површина од 5.000 м².
Сето ова ќе овозможи зголемување на капацитетите за производство за најмалку 50%, односно од сегашниот капацитет од речиси 2 милијарди таблети и капсули годишно, на повеќе од 3 милијарди парчиња цврсти фармацевтски форми.
Фото:Pixabay