Алкалоид направи дополнително вложување во Словенија

21

alkaloid

Фармацевтската компанија Алкалоид АД Скопје изврши дополнително вложување во постојното друштво во Република Словенија, по пат на зголемување на основната главнина, се вели во соопштението на компанијата.

Вложувањето се изврши во Алка – Лаб ДОО Љубљана, каде што се вложени 150.000 евра наменети за опремување на хемиската лабораторија за тестирање на лекови. Друштвото е 100% сопственост на Алкалоид АД Скопје.

Со оваа инвестиција, како што се наведува, Алкалоид АД Скопје ги продолжува активностите за понатамошно ширење на своите операции на пазарите на земјите членки на Европската унија, како и зајакнување на постојните позиции на овие пазари.