Алкалоид се шири и во Турција

20

getImageThumbnailФармацевтската компанија Алкалоид АД Скопје, регистрираше ново друштво во Република Турција со назив Alkaloid ilac ticaret limited sirketi со седиште во Истанбул. Новото друштвото е 100% сопственост на Алкалоид АД Скопје.

Отворањето на друштвото има за цел да ги зајакне постојните позиции на пазарот во Турција, каде Алкалоид е присутен преку продажба на течни минерални ѓубрива, како и да обезбеди влез на пазарот со фармацевтски производи и производи од сите останати програми на Алкалоид, а воедно и пробив на пазарите во Азија и Блискиот Исток.

Преку ова Алкалоид АД Скопје ги продолжува активностите кон зајакнување на извозните позиции на Компанијата како нејзина главна стратешка определба.