Алкалоид со добивка од над 301 милиони денари во првото полугодие од 2015

17

alkaloid

Фармацевтската компанија Алкалоид во првото полугодие од 2015 година оствари вкупна сеопфатна добивка од 301.272.000 денари, покажува неревидираниот консолидиран биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, компанијата прикажа добивка од 286.997.000 денари.

Вкупните приходи од продажба се на ниво од 4.049.550.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 1.627.448.000 денари, додека на странски пазари се реализирани 2.422.102.000 денари.

“Остварените единечни вкупни приходи во периодот јануари – јуни оваа година изнесуваат 3.200.122.000 денари и во споредба со остварените во истиот период во 2014 година бележат пораст од 5%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 96%, имаат приходите остварени со продажба на производи и услуги кои во споредба со остварените во 2014 година бележат пораст од 3%“, стои во Образложението.

Вкупните инвестиции во основни средства во пресметковниот период, како што се наведува, изнесуваат 422.120.000 денари.

Во првите шест месеци од оваа година, во Алкалоид се реализирани 56 нови вработувања во Македонија.