Алкалоид со важно известување до своите акционери

АЛКАЛОИД АД Скопје ги известува своите акционери дека, во согласност со одлуката за утврдување датуми за исплата на дивиденда за 2025 година, ќе врши исплата на дивидендата почнувајќи од 13.5.2026 година.

Се повикуваат сите акционери (физички и правни лица) со право на дивиденда за 2025 година кои немаат доставено податоци за своите трансакциски и жиро-сметки да се обратат до организациската единица Акционерство и имотни прашања на телефонскиот број (02)3104-252 или на електронската адреса [email protected] најдоцна до 6.5.2026 година.