Алкалоид во 2013 година со добивка од скоро 10 милиони евра

14

900E12DF4C9A0F45B900B91CF7C9AE56 Фармацевтската компанија Алкалоид во 2013 година остварила нето добивка во износ од 600 милиони денари или 9,76 милиони евра, што е за 3% повеќе во однос на претходната година.

Ова се наведува во неревидираниот консолидиран Биланс на успех, што компанијата го објави на интернет страницата на Македонска берза.

Вкупните приходи на компанијата во 2013 година изнесувале 7,97 милијарди денари или околу 130 милиони евра, додека во претходната година приходите изнесувале 6,78 милијарди денари.

Поголем дел од приходите се остварени на странските пазари, каде лани биле пласирани производи во вредност од 3,97 милијарди денари, додека пласманот на домашниот пазар изнесувал 3,12 милијарди денари.

Во текот на изминатата година Алкалоид реализирал 73 нови вработувања.