Алкалоид во 2016 ќе инвестира во раст, производни капацитети, технологија, човечки ресурси и заедницата

24

alkaloid

Фармацевтската компанија Алкалоид, согласно стратешката определба, и во 2016 година ќе продолжи по курсот на развојот, ќе продолжи да инвестира во производните капацитети и во современите технологии, во човечките ресурси и во заедницата воопшто, стои во бизнис планот за 2016 година.

“Бизнис планот за 2016 година предвидува инвестирање на околу 11,5% од консолидираните продажби во материјални и нематеријални средства од сопствени извори, раст од најмалку 6% на консолидираните продажби во однос на очекуваните за 2015 година, како и раст од најмалку 6% на консолидираниот профит пред оданочување во однос на очекуваниот за 2015 година“, се вели во Бизнис планот.

По профитни центри, 83% од консолидираните продажби се очекува да ги реализира профитниот центар Фармација, а 17% Хемија, Козметика и Билкарство.

“Се очекува 39,8% од консолидираните продажби да бидат остварени на домашен пазар, додека 60,2% од извоз“, предвидуваат од Алкалоид.

Прв приоритет, како што се наведува, и понатаму останува регионот, следни се земјите од ЕУ, САД, Русија и земјите од ЗНД, додека трет приоритет се останатите пазари.

Бизнис планот за следната година, како што стои во истиот, се базира на реалните очекувања, проекции и можности на тековните и новите пазари и производи, политиките за управување со ризик, како и зголемување на ефикасноста на сопствените ресурси.