Алкалоид за девет месеци оствари 509,3 милиони денари добивка

21

alkaloid

Фармацевтската компанија Алкалоид, во периодот јануари – септември оваа година, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 509.357.000 денари, покажува неревидираниот и консолидиран биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во деветте месеци од 2015-та година, компанијата оствари добивка од 462.409.000 денари.

“Остварените единечни вкупни приходи во периодот јануари – септември 2016 година изнесуваат 4.950.403.000 денари и во споредба со остварените во истиот период во 2015 година бележат пораст од 5%. Во структурата на вкупните приходи, најголемо учество, 97%, имаат приходите остварени со продажба на производи и услуги кои во споредба со остварените во 2015 година бележат пораст од 7%“, стои во Образложението за остварените резултати.

Вкупните приходи од продажба остварени од јануари до септември оваа година изнесуваат 6.160.156.000 денари. Од нив на домашен пазар се остварени 2.431.754.000 денари, додека вредноста на извозот беше 3.728.402.000 денари.

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот од јануари до септември изнесуваат 546.878.000 денари, додека во истиот период се реализирани 115 нови вработувања во Македонија.