Фото: Pixabay
Луксембург е водечка земја во светски рамки каде во однос на примањата алкохолот и цигарите се најевтини, објави Bloomberg. Рангирањето е извршено според Global Vice Index којшто се однесува на просечната малопродажна цена на шест производи во однос на годишниот приход на потрошувачите од одредена земја.
Според индексот, за алкохол и цигари во Луксембург доволни се помалку од 10% од просечната неделна плата. Македонија на оваа листа се наоѓа на 62-ро место, односно проценето е дека за овие произвоти, жител на Македонија треба да издвои 14% од неделната плата којашто според посочените статистики изнесува 145 долари. Од земјите во регионот во првите 75 на оваа листа се наоѓаат и Хрватска која е на 51-во место, Босна и Херцеговина е на 64-то место, а Словенија е на високото 28-мо место.
Bloomberg, како што е наведено во извештајот, ги добил овие резултати врз основа на своја формула користејќи податоци за цените на посочените производи од UN, WHO, World bank и MMF.
Анализите покажуваат дека во повеќе од три четвртини од светските економии, кошницата чини повеќе од третина од просечните неделни приходи. Кога станува збор за Луксембург, треба да се има во предвид дека годишниот приход на земјата е најголем во светот и изнесува 2.071 долари, а кошницата чини 206,2 долари. После Луксембрг, алкохолот и цигарите се најевтини во Бахами, Швајцарија, Исланд и Франција.