Allianz заинтересиран за преземање на Дунав осигурување?

28

allianz

Германскиот осигурител Allianz е заинтересиран за преземање на српската компанија Дунав осигурување, пишува Блиц. Според извори на весникот, за влез во Дунав осигурување заинтересирани се и Европска банка за обнова и развој и Меѓународна финансиска институција, но фаворит се Германците, затоа што се заинтересирани да купат мнозински пакет.

Блиц пишува дека веќе е во тек интерна детална анализа на работењето, кој ќе покаже по која цена би можела да се продаде оваа осигурителна куќа. Планот е да се најде купувач до крајот на годинава, а проценката е дека за компанијата би можело да се добие меѓу 250 и 400 милиони евра.

Од Allianz не потврдуваат, но не ни демантираат.

Allianz со 180.000 вработени во 70 земји остварува профит од 10 милијарди евра годишно.