Allurette е специјална торбичка за перење специфична облека којашто бара посебна грижа и не може да се стави со останатите алишта во машината за перење.
Торбичката е наменета за оние корисници кои сакаат брзо и безбедно перење на онаа облека, што вообичаено треба да се пере на раце. Може да биде корисна за луѓе кои често патуваат, кои имаат облека од специфични материјали, оние кои водат сметка за животната средина, како и за тие со чувствителна кожа. Allurette е изработена од лесен и водоотпорен материјал и има посебна заштита што не дозволува водата да протекува.
Најпрво, во торбичката се става облеката што треба да се пере, а потоа се полни со вода и детергент. Вишокот воздух се отстранува преку вентил, по што нежно се тркала до три минути. Со тоа корисникот добива чиста и испрана облека без да се грижи дека е оштетена, а од друга страна заштедува време и електрична енергија.
Идејата за оваа иновација е на австралискиот старт – ап Myallurette, којшто на глобалната платформа за групно финансирање, Indiegogo, бара поддршка од 5.000 долари.