Фото: Pixabay
Alphabet Sidewalk Labs, иновативниот дел од Alphabet, ќе гради футуристички град во Торонто, Канада, пишува Mashable. Огромниот проект, што е заедничко дело на градот и Sidewalk Labs, ќе чини милијарда долари. Градот, што ќе го носи името Quayside, во технолошка смисла ќе го трансформира источниот пост – индустриски дел од Торонто.
Sidewalk Labs не добива никаква сопственост на имотот во градот, но добива прилично голем простор за да го распореди својот иновативен урбан експеримент. Торонто, пак, ќе добие нова модерна и ревитализирана заедница.
Според планот, градот ќе биде опремен со различни сензори и камери што ќе собираат информации за пешаците, возилата, сообраќајот, загадувањето и состојбата на инфраструктурата. Освен тоа, идејата е да има и самоуправувачки такси возила и автобуси.