Alphabet постигна резултати подобри од очекуваното

Alphabet, матичната компанија на Google, објави повеќе од 15 милијарди долари нето добивка во првиот квартал од оваа година и благо ги зголеми приходите и најави откуп на акции од 70 милијарди долари. Нето добивката на Alphabet во првиот квартал изнесува 15,05 милијарди долари и е за 8,5 отсто помалку во однос на истиот период лани, покажува финансискиот извештај.

Во јануари одлучија да укинат околу 12.000 работни места
Во исто време, нејзините приходи се зголемени за три отсто, на 69,79 милијарди долари. Компанијата објави дека побарувачката за облак услуги пораснала во првиот квартал, но дека продажбата на реклами на Google благо паднала втор квартал по ред. Така, продажбата на реклами е намалена на 54,55 милијарди долари во споредба со истиот период минатата година, откако во четвртиот квартал падна за 3,6 отсто.

Во меѓувреме, компанијата се обиде да држи строга контрола над трошоците поради стравот од рецесија, па во јануари одлучи да укине околу 12.000 работни места. Главниот финансиски директор Рут Порат им рече на инвеститорите преку конференциски повик дека очекува капиталните расходи оваа година да бидат „скромно зголемени“ во споредба со 2022 година.

Фото: Facebook