Alphabet тренира роботи да сортираат отпад

40

Матичната компанија на Google, Alphabet, тренира роботи да сортираат различен тип на отпад што обично го има во канцелариите. За ова одговорни се инженерите од одделот X Lab, кои работат на проектот наречен The Everyday Robot Project.

Тие сакаат да создадат роботи кои ќе умеат да комуницираат со луѓе и да извршуваат корисни задачи, пишува Engadget.

Засега првата задача на роботите од овој проект е да сортираат отпад од просториите во Alphabet. Тие имаат задача да ги преместат оние работи коишто не припаѓаат во кутијата. На пример, пластика во еден, лименки во друг, а храна во трет сад.

Роботите успешно ја завршија задачата преку вежби, со што не беше потребно претходно кодирање на секој нејзин дел.

Инженерите имаат за цел да ги научат роботите да си помагаат меѓу себе, да извршуваат и покомплексnи задачи, да им асистираат на стари лица и слично.

Фото: X Lab