АЛТА банка Битола назначи нов в.д. член на Управниот одбор

АЛТА банка АД Битола cогласно Глава 6 од Правилата за котација, извести за следниве измени во органите на управување и надзор:

Како што соопштуваат од банката, на 13-ти јануари 2026 година истече важноста на согласноста за именување на м-р Даниела Ѓоршевска на позицијата член на Управниот одбор.

До финализирање на постапката и пополнување на составот на Управниот Одбор, со Одлука од Надзорниот одбор за вршител на должност – член на Управен одбор на АЛТА банка АД Битола од редот на членовите на Надзорниот одбор на Банката се именува м-р Борислав Атанасовски.